Поврзете се со нас

Англија

ФА одреди нов термин за Лига куп дербито меѓу Ливерпул и Арсенал

Објавено

на

Англиската фудбалска асоцијација го прифати барањето на Ливерпул за одложување на Лига куп пресметката со Арсенал во Лондон.

Големиот број заразени со ковид-19 на „Енфилд“ го стави Ливерпул во незгодна позиција и го примора клубот привремено да го затвори и тренинг центарот.

Последен во редицата со позитивни тестови бил помошникот на Јирген Клоп, Пеп Лијндерс, кој го водеше Ливерпул на дербито со Челси изминатиот викенд.

ФА постојано ја следи ситуацијата во клубовите, а овој пат проценката е дека настапот на Ливерпул претставува голем ризик за двете екипи, но и за јавното здравје.

Според најновата ситуација, првата средба од полуфиналето на Лига купот меѓу Ливерпул и Арсенал ќе се игра на 13. јануари на „Енфилд“, а реваншот е планиран седум дена подоцна во Лондон.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни