Поврзете се со нас

Македонија

Еурофарм Пелистер го доби дербито со Вардар, актуелниот првак поблиску до титулата

Објавено

на

Еурофарм Пелистер ја прекина негативната серија во дуелите со Вардар и успеа да победи на денешната средба од ракометниот плејоф со 29:25.

Битолчани подобро го започнаа натпреварот, но Вардар фати приклучок во завршницата на првото полувреме, па на паузата Еурофарм имаше минимална предност од 13:12.

Во вториот дел Вардар заигра поангажирано и со мини серија стигна до плус три, но тоа како да беше дополнителна мотивација за ракометарите на Еурофарм, па тие возвратија со серија од 7:0 и до крајот ја задржаа предноста и стигнаа до победа со резултат 29:25.

На голот на Еурофарм Пелистер одличен беше Хендани со 16 одбрани, додека во нападот Радовиќ и Периќ постигнаа по 7 погодоци. Кај Вардар најефикасен беше Дибиров со 6 реализации, а Георгиевски и Чупиќ го завршија натпреварот со 5 голови.

Вардар и Еурофарм Пелистер сега се израмнети на врвот со 27 бодови, но актуелниот првак има предност бидејќи победи поубедливо на првата средба во Скопје. Тоа значи дека ако и двете екипи не погрешат до крајот на плејофот, титулата ќе остане кај Вардар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни