Поврзете се со нас

Франција

Енрике ризикуваше со Мбапе, ПСЖ повторно не победи во Париз (ВИДЕО)

Објавено

на

foto:twitter.com/PSG_English

Екипата на Пари Сен Жермен не успеа да ја оправда улогата на фаворит во денешното соочување со Ремс (2-2) во францускиот шампионат.

Домашниот тренер Луис Енрике направи доста промени во тимот во однос на дуелот со Реал Сосиедад, а една од нив беше и Килијан Мбапе кој не беше стартер на соочувањето на „Паркот на принцовите“.

Резултатот беше отворен во 7 минута од страна на Мунеци, но „светците“ брзо се врати во игра и преку автоголот на Абделхамид во 17. минута и погодокот на Рамос во 19 направија комплетен пресврт.

PSG 0-[1] Reims- Marshall Munesti 6′
byu/Chelseatilidie insoccer

PSG [1]-1 Reims- Abdelhamid OG 16′
byu/Chelseatilidie insoccer

PSG [2]-1 Reims- Goncalo Ramos 19′
byu/Chelseatilidie insoccer

Сепак до крајот на првиот дел Диаките израмни на 2-2 (45 минута) со што со овој резултат се замина на пауза. Домашните играчи се обидуваа во вторите 45 минута одново да дојдат до водство, но и влегувањето на Мбапе и Дембеле не помогна да се дојде до целиот плен.

Со ова ПСЖ продолжи да губи бодови во својот дом, најдобар доказ за тоа е што трипати ремизира на последните пет средби во Париз.

Ама четата на Енрике е убедлива прва на табелата со 56 бода, десет повеќе од второпласираниот Брест.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни