Поврзете се со нас

Свет

Ендрик постигна гол, но и ги разбесни шпанските фанови со својот потег на „Бернабеу“ (Видео)

Објавено

на

Foto:Rafael Ribeiro/CBF

Пријателската пресметка меѓу Шпанија и Бразил понуди фантастичен фудбал и вистински трилер, но мора да се признае дека играчите и не беа баш така пријателски настроени и на крајот имаше и голема доза на тензија на теренот.

Бразил го прославуваше израмнувачкиот гол за 3:3 како да забележа победа на големо натпреварување, меѓутоа препукувањата почнаа 20-тина минути претходно кога Ендрик режираше еден навистина непотребен и невкусен потег на теренот.

Идната ѕвезда на Реал Мадрид се претстави на „Бернабеу“ со гол во мрежата на Шпанија, но исто така и ги разбесни шпанските фудбалски фанови и играчите на Шпанија кои беа на клупата.

Ендрик два пати намерно го удираше Кукурелја и за валканиот потег доби јавна опомена од судијата, а тоа означи почеток на тензијата која траеше до самиот крај на дербито.

Бразилците не загубија и на вториот меч под водство на новиот селектор Доривал Жуниор, бидејќи пред дербито со Шпанија успеаја да победат на „Вембли“ против Англија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни