Англија
Елитни агенти го избрале најлошиот и најдобриот трансфер во летниот преоден рок

Европските клубови и летово потрошија сериозна сума на засилувања, а тоа најмногу важи за екипите кои се борат за највисок пласман.
Сепак, очекувано е дека некој од трансферите и нема да ги оправда очекувањата на менаџерите, а порталот „Атлетик“ направил анкета меѓу 20 елитни фудбалски агенти, кои гласале за најлошите и најдобрите трансфери на клубовите.
Убедливо најлош трансфер е тој на Каи Хаверц од Челси во Арсенал, инвестиција од 65 милиони фунти за Микел Артета, која според агентите дефинитивно е најлошиот потег во преодниот рок.
Хаверц добил шест гласа, а го победил Моисес Каиседо, за кого Челси плати 115 милиони фунти и кој собрал пет гласа од агентите. Првата тројка ја заокружува Мејсон Маунт кој пак од Челси се пресели во Манчестер Јунајтед.
За убедливо најдобар трансфер е прогласен тој на Џејмс Медисон од Лестер во Тотенхем, а по него следуваат тие на Деклан Рајс и Џуд Белингам.
За најизненадувачки трансфер е прогласен тој на Кол Палмер од Манчестер Сити во редовите на Челси.
-
Шпанијапред 11 часа
Историја во Ла Лига: Малиот каталонски клуб за првпат на врвот, во следното коло ќе го брани првото место против Реал! (Фото)
-
Англијапред 12 часа
Кин го советува отпишаниот Санчо: Постои само еден начин да си ја спаси кариерата во Јунајтед
-
Англијапред 23 часа
Њукасл го исфрли Сити од Лига Купот, нова „два во еден“ партија на Ливерпул (ВИДЕО)
-
Италијапред 14 часа
Инѕаги го поздрави противникот кој го потопи Интер: Постигна страшен гол (Видео)
-
Италијапред 23 часа
Кварацхелија конечно стави крај на црната серија: Ми фалеше ова чувство…(ВИДЕО)
-
Англијапред 15 часа
Познати се паровите за 4.рунда во Карабао Купот: Дербито се игра на „Олд Трафорд“, Арсенал го очекува уште еден соседски предизвик (ФОТО)
-
НБАпред 12 часа
Лилард ја потврди големата „НБА бомба“ за која зборува цела Америка (Фото)
-
Италијапред 14 часа
Гарсија за потресот во Неапол наречен „Виктор Осимен“: Можам да кажам само едно