Поврзете се со нас

Франција

Еден и единствен: Азар на уникатен начин се врати во својот фудбалски дом во Франција (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/losclive

Еден Азар светската слава ја стекна како голема ѕвезда на Челси и најдобрите денови ги имаше на „Стемфорд Бриџ“, но мора да се признае дека фудбалски се школуваше и развиваше во Лил, каде ја освои и титулата во Лига 1.

Азар ги мина младинските категории во Лил и прерасна во вистинска легенда на клубот, па така вчера доби посебна чест од управата и актуелното раководство на Французите.

Белгиецот доби неверојатена чест и еден од тренинг терените на Лил го доби името „Еден Азар“, а откако незаборавната „десетка“ позираше со својот лик и со младите деца од школата, се појави и на стадионот „Стад Пјер-Мороа“.

Азар го изведе почесниот удар пред стартот на мечот меѓу Лил и Рен, но по крајот имаше и почесен круг и доживеа незаборавни моменти со фановите на францускиот клуб.

Еден мина вкупно седум години во редовите на Лил, па сосема заслужено сега го носи статусот на легенда.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни