Поврзете се со нас

Италија

Ѕвездата на Наполи која доби посебни пофалби од Чави: Горд сум, ќе видиме што ќе се случи претстојново лето

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/sscnapoli

Барселона успеа да го елиминира Наполи и после четири години обезбеди пласман во четвртфиналето во Лигата на шампионите, но додека сите очи на каталонските медиуми беа вперени од Квича Кварацхелија и Виктор Осмимен, Чави Ернандес посебно внимаваше на Станислав Лоботка.

Тренерот на Барселона го посочи Словакот како клучен играч во тимот на Наполи и посака да има таков стабилен фудбалер во својата Барса, а со таквата изјава секако ги натера медиумите да почнат со шпекулации за можно враќање на Лоботка во Шпанија.

Искусниот играч за врска играше во Селта Виго и од Галиција направи трансфер во Неапол, па со својата последна изјава, и самиот не отфрли можно сценарио доколку добие понуда од великан како што е Барса.

– Вистинска чест и гордост е што мојот идол од детството кажа такви пофалби за мене. Чави е мојот идол од детството и неговите зборови ме тераат да работам уште понапорно.

– Во овој момент се уште мислам само на Наполи и она што не чека слдниов викенд, но ќе видиме како ќе се одвиваат работите и што ќе се случи претстојново лето, – изјави Лоботка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни