Поврзете се со нас

Франција

Џоркаеф: Цела Франција го мрази ПСЖ

Објавено

на

Јури Џоркаеф имаше одлична фудбалска кариера, а иако роден во Лион, во француското првенство настапуваше во редовите на Гренобл, Стразбур, Монако и ПСЖ.

Во својата последна анализа за шпански „Ел Паис“, Џоркаеф зборувал за актуелната ситуација во францускиот шампионат и пред се за статусот на екипата од главниот град.

– Кога играш за ПСЖ, играш против цела Франција.

– Во Шпанија најголем број фанови се поделени меѓу Реал Мадрид и Барселона, но во Франција сите освен неговите фанови, го мразат ПСЖ.

– Солидна поддршка во Франција има Олимпик Марсеј, но тие што не навиваат за него, не се обземени со резултатите кои ги постигнува. Истото важи и за Лион, но со ПСЖ ситуацијата е уникатна.

– Пристигнувањето на Меси може да влијае позитивно на имиџот на клубот, бидејќи никој нема лоши зборови за однесување на Аргентинецот како човек и фудбалер, – вели Џоркаеф.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни