Поврзете се со нас

Балкан

Џеко по болниот пораз од Украина: Не сакам да кажам ништо со жешка глава…

Објавено

на

foto:www.facebook.com/nfsbih/

Босна и Херцеговина остана и без последната можност да се пласира на Европското првенство, поточно на нејзиниот пат, сон застана Украина која вчера во Зеница славеше со 2-1.

Домаќините имаа победа во својот џеб до 85 минута за да гостите за три минути ги шокираат и со два брзи гола го свртат резултатот и на крајот остварат триумф кој ги однесе на мегдан со Исланд во финалниот бараж за шампионатот кој се игра ова лето.

Ова дефинитивно беше големо разочарување за Босанците и нивниот лидер Един Џеко кој има 38 години и постои можност ова де беше последна негова епизода во националниот тим.

-Не знам, не знам… Не сакам да кажам ништо со жешка глава. Ќе преспијам, па ќе видиме.

-Жално е што примивме гол на контра, Нивното најдобро оружје и она што го избегнувавме цел натпревар. Не можете ништо да им кажете на момчињата. Видов пет, шест играчи кои имаа грчеви. Ниту тоа не е оправдување. Тоа не требаше да се случи. Сите сме на средина на сезоната, но момците го дадоа најдоброто. Заслуживме многу повеќе. Не шутнаа на голот до 75. минута. Не знам, немам зборови. Штета, дадовме се од себе.

-Глупаво е да се каже, но ова е еден од нашите подобри натпревари во последните година или две. Можеби и промените не изместија бидејќи добро се поврзавме од почетокот на мечот. Секој играч знаеше кога да излезе. Една, две, три промени може да го нарушат. Примивме два наивни гола, особено во шеснаесетникот. Ако центаршутот е од страна, играчот не може да постигне гол за ако стоите блиску до него. Има многу млади играчи, малку неискуство си го направи своето, малку замор. Момците покажаа дека имаат квалитет. Штета е и за помладите играчи. Некои во соблекувалната плачат. Заслуживме да победиме, но ако продолжат вака, може да биде многу подобро. Сите играат фудбал и е се потешко да се оди на големо натпреварување, -порача Џеко.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни