Поврзете се со нас

Атлетика

Дуплантис го освои првото злато на СП со нов светски рекорд (Видео)

Објавено

на

Арманд Дуплантис ја продолжи доминацијата во дисциплината скок со стап и го освои златниот медал на Светското првенство во Орегон.

За шведскиот атлетичар ова е прво злато од СП во кариерата, а го одбележа и со нов светски рекорд.

Дуплантис скокна 6,21 метри и за еден сантиметар го подобри сопствениот рекорд, оставајќи ја повторно далеку останатата конкуренција во оваа дисциплина.

Швеѓанецот веќе петти пат го соборува сопствениот светски рекорд од 2020 година наваму, а и сега доби солидна премија од 100.000 долари за ваквиот успех.

Колку далеку се ривалите покажува и фактот што Крис Нилсен и Ернес Обиена стигнаа до среброто и бронзата со скокови од 5,94 метри.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни