Поврзете се со нас

Конференциска лига

Драма во Алкмар: Холандската полиција приведе двајца играчи на Легија како криминалци и физички го нападна претседателот на клубот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/LegiaWarszawa

Навивачите на Легија Вашрава се едни од најозлогласените во Европа и вчера повторно имаа физичка пресметка со полицијата во Алкмар, но нивното дивеење сега се одрази негативно врз фудбалерите од првиот тим.

Холандската полиција се дрзнала на неочекуван и шокантен чекор еден час по крајот на натперварот кој заврши 1:0 за домаќините, бидејќи во ситуација кога гостите се обидувале да излезат од „АФАС“ стадионот со својот автобус, настанала голема мешаница.

Полицијата го опколила автобусот на Легија поради безбедносни причини, но во тие моменти дошло и до турканци, кои на крајот резултирале со покажана агресија од страна на униформираните лица.

Колку и да звучи неверојатно, Португалецот Жозуе и Србинот Панков биле приведени од полицијата како криминалци и биле испратени до станица со лисици на рацете, но полицијата покажала сила и кон газдата на клубот.

На едно од снимените видеа од автобусот, добро се гледа како еден полициски претставник го удира првиот човек на Легија, Дариуш Миодуски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни