Поврзете се со нас

Свет

Драма со позитивен крај на тимот на Рајковиќ: ЦСКА ја прекина лошата серија на резултати во ВТБ лигата (ВИДЕО)

Објавено

на

foto: cskabasket.ru

Екипата на ЦСКА Москва предводена од македонскиот стручњак Емил Рајковиќ успеа да ја прекине лошата серија на резултати во ВТБ лигата.

„Армејците“ влегоа во дуелот со Локомотив Кубањ со четири порази во низа, негативна серија која можеше лесно да продолжи затоа што домаќините водеа со десет разлика на нешто помалку од три минути до крајот. Сепак гостите водени од ветеранот Курбанов со супер завршница се изборија за продолжение (78-78) во кое пак го разбија Локомотив со 18-4 за конечно славје од 96:82.

Тримбл со 26 и Мбаје со 21 поен беа најдобри кај ЦСКА, додека Вајт беше лидер на спротивната страна со 19 кошеви.

ЦСКА сега има 23-7 со што го дели првото место со УНИКС Казањ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни