Поврзете се со нас

Евролига

Дончиќ типуваше кои четири екипи ќе играат на Ф4 турнирот во Евролигата (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Лука Дончиќ е голема НБА ѕвезда и ги воодушевува Американците од натпревар во натпревар, но иако е многу далеку од стариот континент, Словенецот не трга поглед од најинтересните натпрервари во Европа.

Дончиќ е голем фан на Евролигата и се обидува да ги гледа сите средби кои заслужуваат посебно внимание, а истовремено повеќе од јасно е дека е голем фан на Реал Мадрид.

Словенецот својата кариера почна да ја гради во „кралскиот клуб“ и со доста емоции ги проследува победите на Реал, па во својот тип за Ф4 турнирот во Евролигата, не пропушти да нагласи дека трофејот повторно ќе заврши во Мадрид.

Реал е најдобар тим во регуларниот дел од сезоната и веќе обезбеди место во плејофот, но пред да дојде до главното разигрување, Дончиќ типуваше кои останати три тима ќе им прават друштво на „кралевите“ на Ф4.

– Реал Мадрид, Олимпијакос, Фенербахче и Панатинаикос.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни