Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ издвои два суперхерои во обид да го опише пеколниот тандем на Далас: Тој е Бетмен, а јас Робин (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Далас стигна до петта победа во низа во НБА лигата и воодушеви со изданието на гостувањето кај Сакраменто, а повторно во прв план се најдоа двете најголемите ѕвезди на Маверикс.

Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг се се подобар тандем од ден во ден и тоа го покажуваат бројките, па така рано утрово двајцата искомбинираа 52 поени во победата од 96:132.

Фантастичната форма во која играат двајцата му помогна на Далас да дојде до плејоф местата и да мисли на избегнување на плејинот, нешто што го натера Лука да смисли оригинални прекари за себе и Кајри.

– Кајри е Бетмен, а јас сум Робин……

– Неверојатно е тоа што го имаме во нашиот тим. Тој е одлична личност, имаме извонреден однос и хемијата е навистина многу добра во овој момент, – изјави Дончиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни