Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ испорача трипл-дабл, Јокиќ се задоволи со три извонредни четвртини (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/dallasmavs

Никола Јокиќ беше под знак прашалник за мечот против Мемфис, но Србинот успеа да се опорави и одново беше убедливо најдобар на паркетот во победата на својот Денвер.

Нагетси го преземаа врвот на Западот и не планираат лесно да го предадат, а тоа го потврдија со големата победа изразена со резултат 128:103.

Актуелниот шампион направи голема разлика и доминантен во првите три четвртини беше најдобриот кошаркар во НБА лигата, по што тренерот Мелоун реши да го повлече Јокиќ од игра и да го одмори.

Иако беше блиску до трипл-дабл, Јокиќ се задоволи со 29 поени, 11 скокови 8 асистенции, а што е уште поважно, заедно со соиграчите оствари победа во меч на кој не играа повредениот Џамал Мареј и Арон Гордон.

Победа рано утрово запиша и Далас против Јута со резултат 115:105, а лидер според сите статистички показатели беше Лука Дончиќ кој испорача нов трипл-дабл со 29 поени, 12 скокови и 13 асистенции.

НБА резултати:

Кливленд – Шарлот 115:92
Атланта – Бостон 120:118
Њујорк – Детроит 124:99
Торонто – Бруклин 88:96
Чикаго – Вашингтон 105:107
Хјустон – Портланд 110:92
Сан Антонио – Феникс 104:102
Денвер – Мемфис 128:103
Јута – Далас 105:115
Сакраменто – Филаделфија 108:96
ЛА Клиперс – Индијана 116:133

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни