Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ испорача нов трипл-дабл, Бостон го прегази Далас за десетта победа по ред

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/celtics

Новиот одличен настап на Лука Дончиќ во дресот на Далас не беше доволен неговиот тим да избегне убедлив пораз на гостувањето кај Бостон, екипата која само го подобри најдобриот скор во лигата оваа сезона.

Селтикс славеа со 138:110 и стигнаа до десетта победа по ред во првенството, неутрализирајќи го дванаесеттиот трипл-дабл учинок на Словенецот.

Дончиќ го заврши дуелот со 37 поени, 12 скокови и 11 асистенции, додека на спротивната страна најефикасен бил Тејтум со 32 поени.

Тимот на Л.А Клиперс беше убедлив против Вашингтон, но го загуби Расел Вестбрук на одреден период поради фрактурата на раката која овој кошаркар ја заработи уште во вториот период од мечот.

Харден и Ленард со 28, односно 27 поени биле најдобри поединци во победничката екипа.

Детроит – Кливленд 100:110
Филаделфија – Шарлот 121:114
Бостон – Далас 138:110
Торонто – Голден Стејт 105:120
Мемфис – Портланд 92:122
Минесота – Сакраменто 120:124
Њу Орлеанс – Индијана 129:102
Чикаго – Милвоки 97:113
Л.А Клиперс-Вашингтон 140:115

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни