Поврзете се со нас

НБА

Дончиќ и Ирвинг доминираа против Сакраменто, Дејвис направи голем подвиг без Леброн (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/Lakers

Далас игра се подобро во завршницата од регуларниот дел од сезоната и има само еден пораз на последните десет меча во НБА лигата, а петтата победа во низа пристигна ова утро.

Маверикси ги разнесоа Кингси на гостински терен со 96:132 и издоминираа во секој можен поглед, па бруталната победа над Сакраменто дефинитивно ги зголемува апетитите кога е во прашање плејофот.

Со најновата победа, Далас е на 6-то место на Западот и во таква ситуација би го избегнал плејинот, а најзаслужни за страшната форма се Лука Дончиќ и Кајри Ирвинг кои почнаа извонредно да се согласуваат во последно време.

Ударниот двоец беше лидер во високата победа, но рано утрово им се придружи и Хардавеј кој го заврши мечот со 22 поени. Дончиќ беше најдобар поединец со 28 поени, 11 скокови и 6 асистенции, а Кајри запиша 24 поени, 3 скокови и 8 асистенции.

Од останатите натпревари, за издвојување е подвигот кој го направи Лос Анџелес Лејкерс, бидејќи „езерџиите“ го победија Милвоки без Леброн Џејмс со резултат 124:128.

Гостите се вратија од негатива од 19 поени во последната четвртина, а потоа после две продолженија беа подобри и славеа во меч во кој вистински лидер беше Ентони Дејвис со 34 поени, 23 скока и 2 асистенции

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни