Поврзете се со нас

Конференциска лига

Динамо се посрамоти во Приштина, тренерот Јакировиќ огорчен: Не знам дали ќе останам после ова

Објавено

на

Foto:twitter.com/fcballkani

Динамо заработи неколку тешки удари во Европа и во домашното првенство од стартот на сезоната, но овој вечерва беше убедливо најболен за стручниот штаб и сите играчи од првиот тим.

Хрватскиот првак игра во очајна форма и по тренерската смена, односно Сергеј Јакировиќ не успеа да направи доволно значајна промена за да тргнат работите во посакуван правец.

По низата лоши резултати, вечерва пристигна убедливо најголемиот срам за Динамо, бидејќи „модрите“ загубија на гостувањето во Приштина кај косовскиот Балкани.

Кријезиу погоди за 1:0 и голем шок за гостите пред крајот на првиот дел, а кога Динамо се обидуваше да избегне болен пораз, прими и втор гол во самата завршница.

Хамиди стрелаше за 2:0 на седум минути пред истекот на регуларниот дел, што беше конечен удар за Хрватите, а особено за тренерот Јакировиќ кој истакна дека не знае дали ќе остане да го води бродот кој тоне.

– Му честитам на Балкани за апсолутно заслужената победа. Тие го направија тоа што требаше да го правиме ние. Пробавме нешто со измените, но ништо не ни одеше. Им се извинувам на сите навивачи на Динамо, тие не го заслужуваат ова. Јас сум одговорен за овој резултат, но и играчите треба да се погледнат во очи и да се запрашаат што прават. Динамо не го заслужува ова.

– Да бидам искрен, не знам дали ова беше последен меч за мене како тренер на Динамо. Кога ќе преспијам, ќе донесам одлука за тоа, бидејќи сметам дека и јас имам голема одговорност за овој резултат, – додал Јакировиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни