Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Динамо обезбеди ЛШ и експресно ќе доведе засилување од Серија А

Објавено

на

Хрватскиот првак Динамо Загреб вчера преку продолжение стигна до групната фаза на Лигата на шампионите, обезбедувајќи си повеќе од пристојна заработувачка со која ќе може да инвестира и во играчкиот кадар.

Италијанските медиуми тврдат дека нашите Адеми и Ристовски наскоро ќе добијат нов соиграч, а тоа ќе биде повратникот Марко Пјаца, за кого Лигата на шампионите и враќањето во матичниот клуб ќе бидат посебни предизвици за трансферот.

Пјаца во 2016 година се пресели од Динамо во Јувентус, но набргу заработи повреда на вкрстените лигаменти на коленото, настапувајќи за националниот тим, па неговата кариера тргна во надолна линија.

Откако се врати на теренот, Јувентус го позајмуваше во повеќе екипи, заработи уште една посериозна повреда, за последната сезона да биде дел од Торино.

Во моментов Пјаца е „замрзнат“ во Јувентус, кој веројатно нема да му прави проблеми да се врати во редовите на Динамо дури и без отштета.

Во меѓувреме, Динамо ќе ја очекува и ждрепката за ЛШ, по која ќе ги знае противниците во својата група.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни