Поврзете се со нас

Италија

Ди Канио го истакна фаворитот за скудетото и објасни зошто не е воодушевен од Лукаку

Објавено

на

Поранешниот италијански фудбалер, Паоло Ди Канио, го анализирал актуелниот преодниот рок и го истакнал својот фаворит за титулата во Серија А.

Ди Канио не смета дека враќањето на Лукаку и Погба ќе значи автоматски подобри резултати за Интер и Јувентус, а Милан повторно донел квалитетни засилувања.

– Преодниот рок може да донесе промени, но засега Милан е прв фаворит. Интер останува главен ривал, освен ако Шкриниар не замине.

– Ориги не е голгетер, но постигна многу важни голови во Лигата на шампионите. Доаѓа од квалитетен тим каде работеше на високо ниво, а последните сезони покажаа дека сите фудбалери што дојдоа од Англија експресно се адаптираа затоа што играле на повисоко ниво, а Серија А е со опаднат квалитет, – вели Ди Канио.

– Драго ми е што Лукаку се врати, тој беше фантастичен во Серија А, но да не заборавиме дека не се покажа во Лигата на шампионите, а таму се игра елитниот фудбал. По освојувањето на скудетото, луѓето тврдеа дека е меѓу најдобрите тројца напаѓачи, а јас мислев дека сонувам. Интер и без Лукаку ја помина групата и играше рамноправно со Ливерпул и за да кажеме дека тој е одлучувачки фактот мора да направи многу повеќе. Ако помогне да се врати скудетото кај Инте и даде 30 гола меѓу кои и против екипи како Сити и Реал Мадрид, тогаш ќе добие големи комплименти, – изјавил Ди Канио.

– Според мене Јувентус не е на топ позициите. Погба има проблеми со повредата, а и како да се загуби по Светското првенство, Ди Марија има 34 години и го очекува настап на мундијалот.

– Киеза се уште се рехабилитира, Влаховиќ се мачи, Де Лихт и Кјелини заминаа, а доаѓањето на Бремер не е доволно. Потребен е играч од средниот ред, ќе видиме дали Паредес ќе дојде и ќе помогне, – финиширал Ди Канио.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни