Поврзете се со нас

НБА

Денвер претрпе неочекуван пораз, но порача: Ова го може само Јокиќ (Видео)

Објавено

на

Минесота ја прекина својата ужасна серија од шест порази во низа во НБА лигата, и тоа против еден од најдобрите тимови во досегашниот тек од сезоната.

Денвер претрпе неочекуван пораз на гостувањето во Минеаполис со резултат 124:111, пред се поради големиот пад кој го имаше во клучниот период.

Домаќините ја добија последната четвртина со 34:26 и го трасираа патот до прва победа во последните седум меча, но што е најважно, успеаја да го лимитираат и МВП играчот во НБА лигата.

Никола Јокиќ го заврши мечот со 24 поени и беше под своето ниво, но и покрај тоа имаше еден потег со кој привлече внимание.

Станува збор за препознатливо додавање во негов карактеристичен стил, пас кој според Денвер може да го изведе само српскиот кошаркар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни