Поврзете се со нас

Лига Европа

Де Ѕерби испиша историја, но не може да го заборави поразот од Гатузо: Тие спомени се уште се во мојата глава

Објавено

на

Foto:twitter.com/OfficialBHAFC

Пресметката меѓу Роберто Де Ѕерби и Џенаро Гатузо носи својата историја од 2016-та година, па токму поради тоа, вчерашниот натпревар во Лига Европа носеше посебна тежина за двајцата стручњаци.

Брајтон успеа да го победи Марсеј во клучниот дуел за првото место во групата, а човек на одлука беше Жоао Педро кој погоди во 88-та минута за победа на премиерлигашот и директен пласман во осминафиналето.

Де Ѕерби со голема страст се израдува на најголемиот успех во историјата на Брајтон, но истовремено призна дека се навратил и седум години во минатото, кога како тренер на Фоџа загуби од Пиза предводена од Гатузо во финалниот бараж за пласман во Серија Б.

– Ова се најдобрите моменти за мене како менаџер на Брајтон, но мора да знаете и нешто друго. Загубив финале во третата лига пред речиси осум години од Рино Гатузо.

– Веднаш по крајот на мечот со Марсеј, помислив на моите поранешни играчи од Фоџа, ми текна колку страдавме и колку ни беше тешко. Кога губиш таков важен меч, не ги заборавате спомените. Тие се уште се во мојата глава, – откри Де Ѕерби.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни