Поврзете се со нас

Евролига

ЦСКА и Ефес дојдоа до 20. победа во сезоната, важен триумф на Реал во Франција (ВИДЕО)

Објавено

на

Екипите на ЦСКА Москва и Анадолу Ефес дојдоа до бројката од 20. победи во Еверолигата во оваа сезона, а со тоа и чекор поблиску до разигрувањето за титулата во ова натпреварување.

ЦСКА на домашен терен беше подобра од Црвена Звезда со 87-82 во дуел во кој го надигра ривалот во двете полувремиња. Шенгелија со 16 поени ја предводеше листата од пет играчи со двоцифрен учинок, кај гостите од Белград се истакна Давидовац со 20 кошеви.

Турски Ефес пак немаше проблеми против Панатинаикос кој падна во Истанбул со 85-65. Домаќините многу добро знаеја што сакаат на овој дуел и предводени од Мициќ со 21 и Данстон со 15 поени ја потврдија улогата на фаворити.

Томпкинс (13 поени), Лапровитола (12) и Абалде (11) беа лидери во важното славје на Реал Мадрид над Асвел (74-71) во битката за плејофот.

Во останатите мечеви, Валенсија го среди Баерн со 83-76, Макаби како гостин беше поуспешен од Жалгирис со 88-81.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни