Поврзете се со нас

Англија

Челси ја отвори годината со договор за француски талент

Објавено

на

Премиерлигашот Челси обезбедил големо и долгорочно засилување на крајот на старата, односно почетокот на новата година и истото ќе пристигне од Франција.

Се работи за дефанзивецот Беноа Бадијашил кој иако има само 21 година, веќе има солиден број настапи во првиот тим на Монако, клуб од чија младинска академија и потекнува.

Порталот „Атлетик“ пренесе дека двата клуба се договориле за деталите и Бадијашил наскоро ќе биде промовиран во Лондон, со што ќе биде големо засилување за одбраната на „сините“.

Бадијашил уште претходно имаше постигнато договор со Челси, а премиерлигашот сега прифатил да плати 38 милиони евра за да го комплетира трансферот.

Стоперот веќе дебитираше за француската репрезентација во септември, иако не беше повикан за настап на СП во Катар.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни