Поврзете се со нас

Лига Европа

Чави го потенцираше клучниот момент за елиминацијата на Барселона

Објавено

на

Барселона имаше водство на полувреме против Манчестер Јунајтед, но на крајот доживеа пораз и елиминација од нокаут фазата во Лига Европа.

Шпанскиот тим не успеа да се снајде најдобро откако „црвените ѓаволи“ го засилија темпото по паузата, а тренерот Чави смета дека клучниот момент се случил на почетокот на второто полувреме.

По едно невнимание на одбраната, Фред се најде во ситуација да шутира и го совлада Тер Штеген, што беше најава за целосниот пресврт.

– Првото полувреме беше добро за нас, но на крајот доживеавме уште едно разочарување.

– Нивниот прв гол ни нанесе голема штета. Мојот тим заслужи повеќе, ако не го постигнеа тој гол толку рано, ќе беше поинаку…

– Сметам дека го подобривме впечатокот во однос на минатата сезона, но следната мора да играме подобро против тимови како Манчестер Јунајтед и Интер, – истакнал Чави.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни