Поврзете се со нас

Германија

Бундеслигата ги модифицираше правилата за носење заштитни маски

Објавено

на

Раководството на Бундеслигата и Германската фудбалска федерација денеска информираа дека ги олабавуваат заштитните мерки поради коронавирусот.

Најголемата разлика се однесува на резервните фудбалери и членовите на стручните штабови, кои во иднина не мора да носат заштитни маски.

Единствената обврска на резервистите и останатите на клупата на бундеслигашките екипи е да одржуваат дистанца како и досега, што според одговорните ќе биде сосема доволно да се заштитат од ширење на вирусот.

Обврската за носење заштитна маска останува за членовите на лекарските екипи, кои интервенираат и на теренот, како и за четвртиот судија кој е во постојана комуникација со двете клупи.

Ревизијата на мерките доаѓа по досегашното позитивно искуство од однесувањето на фудбалерите и олабавувањето на мерките во целата држава.

Зголемен е и дозволениот број на новинари кои не се дел од екипите на телевизиите кои имаат купено тв права, па наместо 13, отсега на натпреварите ќе бидат присутни по 26 претставници на медиумите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни