Поврзете се со нас

Франција

Бундеслигашката ѕвезда јавно побара трансфер во ПСЖ: Прифатете ја понудата, ова е уникатна можност за мене

Објавено

на

Foto:twitter.com/Eintracht

Рандал Коло Муани е француски репрезентативец кој се етаблираше како еден од најдобрите играчи во Бундеслигата, но напаѓачот на Ајнтрахт Франкфурт сега се гледа себеси како иден лидер во нападот на ПСЖ.

Младиот голгетер вечерва се јави со официјална изјава по последната понуда која ја испрати ПСЖ до Ајнтрахт, а со истата искрено побара клубот да ја прифати рекордната понуда и да му дозволи преселба во Париз.

Ајнтрахт Франкфурт ја одби последната понуда вредна 80 милиони евра од ПСЖ, па откако медиумите од Германија најавија дека францускиот шампион нема да наддава и да понуди повеќе, со јасен став се јави самиот Муани.

– Му должам многу на Ајнтрахт Франкфурт, фановите на овој клуб се во моето срце и секогаш се однесував професионално. Ќе давам се за овој клуб до самиот крај. Како и да е, веќе не е тајна дека ПСЖ испрати рекордна понуда за мене. Заминување во Париз е уникатна можност за мене.

– Сакам да се преселам во Париз и за тоа ги информирав луѓето на клубот. Се надевам и посакувам дека Ајтранхт ќе ја прифати понудата и ќе ми дозволи да го реализирам трансферот, – изјави Коло Муани за германски „Скај“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни