Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Буфон направи анализа на контроверзниот дуел меѓу Донарума и Бензема и ја посочи клучната грешка на голманот: Ако останеше на земја…..

Објавено

на

Џанлуиџи Донарума направи огромна грешка против Реал Мадрид и го навести враќањето на „кралот“ со непотребното одолговлекување, кое на крајот заврши со одземена топка и гол од Карим Бензема.

Италијанскиот чувар на мрежата наиде на многу критики во јавноста и од добар дел од медиумите е посочен како еден од главните виновници за колапсот на ПСЖ во Мадрид, па во моменти кога се наоѓа на сериозен удар, во негова одбрана застана легендарниот италијански голман, Џанлуиџи Буфон.

Популарниот Џиџи признава дека неговиот помлад колега направил грешка и дека таков фаул не се суди во Европа, но сигурен е дека Донарума ќе научи од овој кикс и истиот ќе му служи за напредок во кариерата.

– Ваков тип на грешки значат многу во кариерите, служат како школа. Ова е дел од растот на еден фудбалер и сигурен сум дека Донарума нема да има проблем во иднина. Тој е премногу силен за да има негативно влијание, тој е меѓу тројцата најдобри во светот заедно со Куртоа и Нојер.

– Во Европа никогаш не свират ваков прекршок, во Италија можеби ќе го свирнат со ВАР. Како голман и јас ќе останев бесен бидејќи Бензема го измести, но ако се досудеше фаул, ќе имаше голем револт и кај Реал Мадрид. Во тие ситуации треба да размислувате нависитна добро, Донарума можеби и ќе извлечеше нешто ако останеше да лежи на земја после ударот. Тој беше премногу наивен и искрен, веднаш стана и со тоа му сигнализираше на судијата дека контактот е недоволен. Направи грешка и сите го заклучивме тоа, но неговата вредност и квалитет останува недопрен. Проблем не се критиките од Французите, проблем се критиките од Италија, оние кои се сладат на неговата грешка, – вели Буфон во интеврјуто за „Кориере дело Спорт“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни