Поврзете се со нас

Лига на шампиони

Буфон испрати јасна порака пред финалето: Во животот е важно да уживаш и во успесите на пријателите…

Објавено

на

Џиџи Буфон една сезона настапуваше за ПСЖ, но реши да се врати во Јувентус, за сега францускиот клуб без него да стигне до финалето на Лигата на шампионите.

Иако на социјалните мрежи уште по полуфиналето почнаа да се појавува сеир на негова сметка, во насока на тоа дека ако останел во Париз, можел да си ја исполни најголемата желба, а тоа е да ја освои европската титула.

Без разлика на ваквите коментари, Буфон денеска јасно истакна за кого ќе навива во дуелот меѓу ПСЖ и Баерн, објавувајќи Инстаграм стори кое фактички е порака испишана на фотографијата со Марко Верати.

– Во животот треба да знаеш како да уживаш во своите успеси, но и во тие на своите пријатели. А јас имам многу пријатели во Париз. Напред Париз, – напишал Буфон.

ПСЖ има свои шанси во дуелот со Баерн, а голема мотивација за фудбалерите на Томас Тухел е и фактот што тоа би била прва европска титула во историјата на клубот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни