Поврзете се со нас

Италија

Брера Струмица го претстави новиот тренер: Сакаме да ја донесеме нашата идеја, овде ќе се игра добар фудбал

Објавено

на

foto:www.facebook.com/fkakademijapandev

Македонскиот прволигаш Академија Пандев или по ново Академија Пандев Брера Струмица ги започна подготовките за новата сезона и тоа на италијански погодок.

Нов предводник на оваа екипа е 47-годишниот стратег, Џовани Валенти кој доаѓа од младинскиот погон на Парма, стратег кој претходно има работено во Јувентус, Милан и Бреша, но и во селекциите на „аѕурите“ до 19 и 20 години.

– Ќе дадеме се од себе за да ја донесеме овде нашата идеја, нашата филозофија. Сакаме да се игра добар фудбал, добар стил на фудбал. Ние сме млад тим имаме доста млади играчи, но тоа ми се допаѓа и најважната работа во моментот е да им се помогне да пораснат да се подобрат и потоа да видиме што може да се направи за да ги вклучиме во првиот тим, -порача Валенти.

Негова десна рака ќе му биде Микеле Кавали кој може да се пофали со искуство во Шахтјор, Сасуоло и Јувентус, додека пак за голманите е задолжен Алесандро Пегорари.

Брера Струмица досега има ангажирано само едно засилување Стефан Наумчевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни