Поврзете се со нас

Боречки спортови

„Борис Трајковски“ ќе пречека 60 боксери од 13 различни земји: „Златен Гонг“ ќе се одржи по јубилеен 50-ти пат

Објавено

на

Започнувајќи од утре, во спортскиот центар „Борис Трајковски“ на програмата ќе биде јубилејното 50-то издание на традиционалниот „Златен Гонг“, боксерски турнир во кој учество ќе земат 60 учесници од 13 земји, од кои седум се македонски.

Скопје како град домаќин на меѓународниот бокс спектакл ќе пречека голем број млади боксери кои сакаат да се докажат на интернационалната сцена, а боксерската Федерација со поддршка од Градот Скопје и Агенцијата за млади и спорт навести големи возбудувања во наредните три дена.

На јубилејното издание на „Златен Гонг“ ќе учествуваат боксери од Англија, Ирска, Велс, Молдавија, Украина, Србија, Хрватска, Црна Гора, Словенија, Косово, Албанија, Кина и Бугарија, додека македонската гордост ќе ја бранат седум натпреварувачи.

Јасин Љама како последен освојувач на „Златен Гонг“ во 2019-та година ќе се натпреварува во категорија до 60 килограми, а покрај него, Македонија ќе ја претставуваат и Ардијан Џемалили во категоријата до 54 килограми, Оран Јашаровски во категоријата до 57 килограми, Дион Лена во категорија до 63,5 килограми, Ферид Хоџа во категорија до 71 килограм, Лео Јовановски во категорија до 75 килограми и Арсим Етеми во категорија до 80 килограми.

– Сите кои се блиски до боксот, добро знаат и добро се упатени што значи оваа манифестација за нашиот спорт. Агенцијата за млади и спорт го потпомага боксот и оваа година го имаме 50-то јубилејно издание на „Златниот Гонг“. Чест ми е што сум во друштво на вакви спортисти, ова е одлична промоција на боксот, а настапот на учесници од 13 различни земји ветува голем квалитет во борбите, – порача претседателот на АМС, Наумче Мојсовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни