Поврзете се со нас

Италија

Бонучи: Кога би можел, Роналдо би играл само во ЛШ

Објавено

на

Јувентус утре ќе го одигра реваншот од осмифиналето на Лигата на шампионите против Порто, а домаќините мора да бркаат негатива, поради поразот на првата средба со 2:1.

Неколку фудбалери се враќаат во составот на Јувентус, а суспендиран е Данило кој нема да биде во комбинација.

Дефанзивецот Леонардо Бонучи кој паузираше изминатите неколку недели не знае дали ќе биде стартер, но е сигурен дека Кристијано Роналдо е подготвен за предизвикот.

– Кристијано секогаш е подготвен за вакви натпревари. Пред некое време рече дека би играл само во Лигата на шампионите, па можете да замислите колку енергија има во пресрет на утрешната средба, – изјавил Бонучи.

Во однос на реваншот со Порто, тој има јасна визија.

– Мора да бидеме фокусирани и да не брзаме веднаш да постигнеме гол. Знаеме дека ни треба погодок, но има време за негово постигнување, а Порто сигурно повторно ќе биде опасен посебно во контри.

– Направивме многу грешки на првата средба, но ги научивме лекциите. Овој пат не смееме да погрешиме, иако играме секој трет ден, не смееме да го користиме тоа како алиби, – кажал Бонучи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни