Поврзете се со нас

Италија

Бонучи е убеден дека Јувентус е сериозно оштетен од судиите, новите докази го покажуваат тоа (Фото)

Објавено

на

Леонардо Бонучи ја презема главната улога на теренот во френетичната завршница на мечот меѓу Јувентус и Салернината, кој на крајот заврши со многу драма и тензија, но и со три црвени картони.

Капитенот на Јуве најпрво постигна гол за 2:2 во 93-та минута, но Милик погоди за 3:2 две минути подоцна и настана вистинска ерупција на стадионот во Торино. Сепак, радоста не траеше докрај меѓу навивачите на Јувентус, бидејќи судиите го поништија голот, но направија огромна грешка при анализата.

Луѓето во ВАР подвлекоа погрешна линија и тоа го покажаа сликите по крајот на мечот, кои откриваат дека Кандрева „заспал“ во близина на корнер знаменцето и прави Бонучи да биде во дозволена позиција. Голот беше поништен поради фактот што Лео беше оценет како фудбалер кој е најблиску до голот на Салернитана, но реалноста е дека Кандрева го остава во дозволена позиција и поради тоа Јувентус е тешко оштетен во дадената ситуација.

– Објаснувањето кое ни го дадоа беше дека јас сум бил инволвиран активно во акцијата, но голманот никогаш немаше да го одбрани ударот од Милик. Мојата позиција не влијаеше врз траекторијата на топката. Покрај тоа, позицијата на Кандрева сите не остава во дозволена позиција.

– Ако ги погледнете линиите од тревата, Кандрева е поблиску од мене до голот и тој ме остава во дозволена позиција. Никогаш нема да дознаеме што гледаа судиите. Не ни останува ништо друго, мора да го анализираме првото полувреме. Ако играме така, нема да стигнеме никаде, ако играме како во второто полувреме, имаме шанси за високи дострели, – изјави Бонучи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни