Поврзете се со нас

Свет

Бобан со критики за легендарниот судија: Фудбалот не му припаѓа на Колина

Објавено

на

Звонимир Бобан извршува влијателна функција во УЕФА, каде е еден од најблиските соработници на Александер Чеферин, а во интервјуто за „Марка“ зборувал на разни фудбалски теми.

Хрватот признал дека е непријатно изненаден од одлуката на првиот човек на судиската комисија на ФИФА, Пјерлуиџи Колина, за форсирање долги судиски надополнувања на мундијалот, па и скратување на времето за прослава на погодоците.

– Се игра премногу, календарот е луд, сите се сложуваат дека се играат премногу натпревари.

– Фудбалерите се презаморени, а што правиме ние, додаваме минути во моментите кои и онака се најтешки за фудбалерите. Правилата се менуваат, а никој не ги прашува фудбалерите, фудбалот не е во сопственост на Колина, УЕФА или ФИФА. Не припаѓа ни мене, ни вам, му припаѓа на сите кои го сакаат.

– Се шокирав кога видов што се случува на последното СП, ние како УЕФА нема да поддржиме антифудбалски одлуки, Колина е еден од најдобрите судии во историјата, но мора да го тргне егото на страна, – истакнал Бобан.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни