Поврзете се со нас

Германија

„Билд“: Неколку ѕвезди на Баерн лути на челниците поради објаснувањето за отказот на Нагелсман

Објавено

на

Foto:twitter.com/FCBayern

Баерн Минхен се најде во невообичаена ситуација по отказот за Јулијан Нагелсман, а резултатите постигнати со новиот тренер Томас Тухел не дозволуваат смирување на „баварските води“.

Таблоидот „Билд“ пренесува дека односот меѓу раководството и дел од ѕвездите на клубот воопшто не е на посакуваното ниво, а причината лежи во начинот на кој клубот го образложи отказот за Нагелсман.

Во изјавите на Хасан Салихамиџиќ и Оливер Кан можеше да се слушне и „губење на соблекувалната“ на веќе поранешниот тренер, а поголем број фудбалери на Баерн сметаат дека не постоело такво нешто и тие биле само искористени за полесно да помине одлуката на челниците.

Членови на првиот тим не го криеле незадоволството од ваквиот наратив и сметаат дека раководството требало да преземе целосна одговорност за одлуката за отказно решение.

Менаџерскиот двоец сметал дека доаѓањето на Тухел ќе донесе позитивен импулс во соблекувалната и во играта, но наместо тоа Баерн има уште понеубедливи резултати и го загуби и првото место на табелата во Бундеслигата.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни