Технологија
Bike Computer – Македонска апликација која се грижи за безбедноста на велосипедистите
Bike Computer е првата македонска мобилна GPS bike апликација развиена во кујната на „Venikom“ и која е наменета за сите професионални и рекреативни велосипедисти.
Базиранa на 2-годишно истражување и тестирање, „Keep me safe“ опцијата е дизајнирана да им понуди поголема сигурност на велосипедистите на долги рути. Опцијата може да детектира пад на велосипедист и да ги информира неговите избрани контакти, испраќајки им ја моменталната локација на корисникот и смс порака за инцидентот.
Bike Computer е достапна за Android и iPhone, и покрај зголемена сигурност, нуди и низа бесплатни функционалности кои се сметаат како премиум во останатите мобилни апликации. Тука се вклучени поврзувања со heart-rate монитор, сензори за брзина и ритам, како и сензор за моќност.
„Сите во Venikom уживаат во велосипедизмот. Половина од тимот се страствени возачи кои учествуваат на доста настани и возат GrandFundo, а другата половина постојано го користат велосипедот како алтернативен превоз низ градот. Долго време работиме на оваа апликација и сакаме да придонесеме повеќе за велосипедската заедница”, вели Иван Ивановски, ко-основачот на Bike Computer.
Bike Computer има длабока интеграција со моментално најпопуларната фитнес апликација Strava, така што вашата активност можете лесно да ја синхронизирате.
Во апликацијата посебно внимание е посветено на потрошувачката на батерија која е доведена до минимум. Резултатите покажуваат дека Bike Computer е за 12% подобар од најдобрите мобилни вело-тракери на пазарот, како Strava, Runkeeper, Endomondo и други.
Поддршка за Bike Computer од десеткратниот шампион на Македонија
Во тестирањето и креирањето на самата апликација од Venikom соработуваа и со десеткратниот шампион на Македонија во велосипедизам и вицешампион на Балканот, Јоже Јованов.
„Во времето кога јас тренирав и се натпреварував, користевме Polar и Garmin уреди за следење на рутите и перформансите. Тие имаа доста комплицирани програми за анализа на активностите, а нивната функционалност не е ни приближно еднаква на денешните мобилни телефони. Со екипата од Venikom имаме чести средби и разговори како моето лично 10-годишно велосипедско искуство да го споделам и да помогнам да се направи најдобриот Bike Computer“, вели македонскиот шампион.
Визијата на Venikom, заедно со искуството на Јованов, е да ги направат наредните верзии на Bike Computer беспрекорни и корисни за сите професионални велосипедисти. Наскоро ќе се додаде и live tracking опција, како и можност за тренерите во живо да го следат велосипедистот и сите негови сензори, како и праќање на повратни информации од тренерот назад до велосипедистот.
Огромен предизвик беше потрошувачката на енергија. Во моментот професионалните веосипедски компјутери на пазарот ги купуваат најмногу поради издржливоста на нивната батерија и заради нивната мала тежина. Од друга страна на телефоните имаме подобар дисплеј и доста помоќен процесор,а новите уреди се опремени и со доста напредни сензори за движење. Веником паралелно работи и на соодветна надворешна батерија која ке допринесе за зголемување на времето на користење на апликацијата на дури 15часа во активен режим, а притоа максимално внимаваме на тежината на уредот.
Bike Computer е freemium апликација за iOS и Android. Ако се регистрирате во првите 60 дена опцијата Keep My Safe* ќе биде бесплатна за првата година од користењето. По промотивниот период цената ке биде 49 долари годишно.
-
НБА15 часа
Индијана го сруши шампионот, Брони Џејмс со први НБА поени во катастрофата на Лејкерс (ВИДЕО)
-
Англија17 часа
Ван Нистелрој проговори за својата иднина по незаборавната ноќ на „Олд Трафорд“
-
Шпанија16 часа
Димитриевски: Катастрофа, вакво нешто не се случило со години!
-
Италија11 часа
Тасоти: Милан не може без Леао, Фонсека не смее да дојде…
-
Лига на шампиони4 часа
Еурофарм Пелистер ја совлада Фредериција за прва победа во Лигата на шампионите
-
Англија15 часа
Гвардиола: Ова никогаш не се случило, ние сме во неволја!
-
Англија17 часа
Познати се паровите за четвртфиналето во Лига Купот: Дербито е во Лондон, гостински предизвик за Ливерпул
-
Италија16 часа
Мота за најголемата слабост за Јувентус: Тоа е нешто што треба да го избегнеме