Поврзете се со нас

Свет

Бесниот Роналдо не ја криеше фрустрацијата по поразот во Љубљана (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/selecaoportugal

Португалија не знаеше за пораз од Светското првенство во Катар и повеќе од една година бележеше импресивни резултати, но после 11 победи во низа, тимот на Роберто Мартинез го забележа првиот неуспех.

Португалците претрпеа неочекуван пораз на гостувањето на „Стожице“ стадионот и Мартинез првпат го почувствува ова како селектор на Португалија, па иако стануваше збор само за пријателски меч, натпреварувачкиот дух на капитенот не изостана.

Кристијано Роналдо одмораше против Шведска и не одигра ниту една минута, но вчера го одигра цел меч во Љубљана и имаше причина за големо незадоволство.

Капитенот беше разочаран од поразот на својата селекција и вината ја бараше и кај судиите, па на заминување кон соблекувалната, не го криеше својот бес.

Роналдо креваше два прсти и им ги покажуваше на судиите, јасно алудирајќи на тоа дека арбитрите не досудиле два чисти пенали за Португалија во текот на мечот.

Видеото погледнете го ТУКА

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни