Поврзете се со нас

Билијард и Снукер

Берат Јашари е новиот државен првак во снукер

Објавено

на

Со освојување на третиот (воедно и последен) турнир од Националното првенство во снукер во сениорска конкуренција, 22-годишниот играч од Куманово, Берат Јашари, ја освои титулата за 2021 година.

Претходно, тој го освои Првиот турнир и беше финалист на Вториот турнир, па со оваа победа убедливо изби на првата позиција во генералниот пласаман и докажа дека е најдобриот снукер играч за 2021 год во Македонија.

Сепак, до завршувањето на четвртфиналните мечеви постоеше неизвесност, односно можност за различни сценарија и разврски во вкупното рангирање. Дејан Сипковски беше најсериозен конкурент за загрозување на првото место на Берат, но во четвртфиналето се сретна со минатогодишниот државен првак Павле Данилов, кој го доби ова „вечно дерби“ и даде до знаење кој ќе биде шампион оваа година. Но, предизвикот да се покаже и докаже пехарот беше императив повеќе за Јашари, па на вистински начин тоа и го оствари, најпрво со победата во полуфиналето над Петар Панов, во еден исклучително неизвесен меч со одлучувачки трет фрејм и одлучувачката последна црна топка која му донесе финале на Берат.

Во втророто полуфинале се случи ново пријатно изненадување: Александар Ставриќ во борбата за подобар пласман, сосема заслужено со 2: 0 го порази Данилов, кој делуваше измрено по мечот со Сипковски, со што победникот по втор пат во кариерата стигна до финале на турнирите од државните првенства.

Таму пак, новиот шампион за 2021 година, Берат Јашари, заврши шампионски и без изгубен фрејм, со 3:0 го победи Ставриќ и стигна до трофејот. Наградите за трето место им припаднаа на Петар Панов и Павле Данилов. Најголемиот брејк на турнирот беше на Данилов со 39 поени, направен на почетокот на турнирот, во натпреварите од групната фаза.

Редоследот во генералниот пласман за 2021 година е: 1. Берат Јашари, 2. Дејан Сипковски, 3. Павле Данилов, 4. Александар Ставриќ и 5. Петар Панов. Ова треба да е една фантастична најава за наредната натпреварувачка сезона, на нови предизвици, за старите шампиони да го вратат приматот во овој спорт, на новиот да го задржи пехарот и започне нова ера во овој спорт, а на една група 7-8 играчи, до оваа година од сенка наредната година да блеснат и докажат дека е неслучајна зголемената конкуренцијата за најдобар пласман.

До крајот на годината, од 17 до 19.12 на програмата е уште еден богат снукер викенд во организациај на Снукер Асоцијацијата во кој ќе се играат 3 турнири: јуниорско првенство, Турнир на ветераните и се по атрактивниот снукер турнир, „6 црвени“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни