Поврзете се со нас

Шпанија

Барселона и Атлетико Мадрид се договориле за Суарез

Објавено

на

Луис Суарез ќе се пресели во Атлетико Мадрид, откако Барселона дала зелено светло за овој трансфер по вечерашниот состанок меѓу двата клуба.

Уругваецот ќе ја напушти Барселона за одредена сума која засега не е позната и ќе го засили нападот на екипата предводена од Диего Симеоне.

Новиот тренер на Барселона, Роналд Куман, експресно се откажа од Суарез откако ја презеде функцијата, а лутиот напаѓач преговараше и со Јувентус, пред да заврши во ривалскиот клуб од Ла Лига.

Суарез дојде во Барселона во 2014 година од Ливерпул и постигна 197 голови за каталонскиот гигант.

Договорот меѓу шпанските клубови значи и дека Јувентус наскоро официјално ќе го објави заемот на Алваро Мората, кој ќе настапува за италијанскиот состав, чиј член беше и меѓу 2016 и 2018 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни