Поврзете се со нас

Италија

Барела за променетиот систем од Спалети: Ова е нова Италија

Објавено

на

Foto:twitter.com/Azzurri_En

Николо Барела постигна мангупски гол во судиското продолжение и ја потврди победата на Италија над Еквадор на натпреварот кој се играше во Америка, по што и дефинитивно мини-турнејата на „аѕурите“ излезе максимално позитивна.

Италијанците забележаа две победи во САД и со позитивни вибрации се враќаат во родната земја, а Лучијано Спалети на овие два меча тестираше и нова формација, односно системот кој планира да го практикува на Европското првенство.

Спалети се откажа од традиционалниот 4-3-3 на Роберто Манчини и воведе систем 3-4-2-1, па фудбалерите веруваат дека ќе бидат уште подобри како што ќе одминува времето.

– Системот е една работа, но сите гледаме на ова како нов старт. Ова е нова Италија, почнуваме да се адаптираме на она што тренерот го бара од нас.

– Се подобрваме од натпревар во наптревар, но свесни сме дека има уште доста за работа до Европското првенство. Креираме добра група со извонредни играчи и секој е подготвен да го даде максимумот, – вели Барела кој ја носеше капитенската лента за првпат во репрезентативната кариера.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни