Поврзете се со нас

Англија

Баји го напушти „Олд Трафорд“ и се пресели во Франција

Објавено

на

Манчестер Јунајтед го комплетираше заемот на Ерик Баји во Олимпик Марсеј, па репрезентативецот на Брегот на Слоновата Коска сезонава ќе настапува во француското првенство.

Баји дојде на „Олд Трафорд“ во 2016 година за 30 милиони фунти, но не успеа да се наметне како прв избор во одбраната на подолг период, а за него планови немаше ниту новиот менаџер Тен Хаг.

По ангажирањето на Лисандро Мартинез од Ајакс летово, стана јасно дека Баји мора да бара нова средина.

Дефанзивецот ќе го напушти Јунајтед со само 45 настапи последните пет сезони, а неговиот престој беше искомплициран и поради проблемите со повреди.

Олимпик Марсеј ја презел обврската да ја исплати годишната плата од 6 милиони евра на 28-годишниот фудбалер, а ќе треба да го откупи неговиот договор ако Баји одигра одреден број натпревари.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни