Поврзете се со нас

Олимписки игри

Баба на три внучиња највозрасна натпреварувачка на ЛОИ, најмладите учесници имаат по 12 години (Фото)

Објавено

на

Светот е на прагот на почетокот на едно ново, поинакво издание на Летните Олимписки игри, спортско издание кое е најпрепознатливо во светски рамки.

Поради ковид-пандемијата, игрите кои беа планирани за минатата година ќе се одржат оваа година без присуство на гледачи, а градот домаќин останува ист, јапонски Токио.

Пред самиот старт на највозбудливите спортски смотри, ви ги претставуваме најстарите и најмладите учесници на истите.

Со 66 години и три внучиња зад себе, најстара натпреварувачка е Мери Хана од Австралија. Хана ќе се натпреварува во коњичките спортови, а ова за неа ќе бидат седми Олимписки игри на кои учествува.

На игрите во Токио таа ќе стане втората највозрасна личност која се појавила на Олимписките игри по Лорна Џонстоун од Велика Британија која со 70 години настапи на игрите во 1972 година, исто така во коњичките спортови.

Oldest Aussie Olympian is trotting towards Tokyo | Seniors News

И во машка конкуренција, Австралија ќе го даде највозрасниот учесник на овие смотри. Ендрју Хој, кој исто како и Хана ќе настапува во коњичките спортови има 62 години, а ова за него ќе бидат осми Олимписки игри.

Aussie Equestrian Legend Andrew Hoy Enters a Staggering Eighth Olympic Games at Tokyo 2021 - EssentiallySports

Игрите во Токио засекогаш ќе ги паметат и најмладите учеснички на истите, 12 годишните Хенд Заза од Сирија и Кокона Хираки од Јапонија.

Заза ќе се натпреварува во пинг- понг, а на игрите ќе учествува откако победи во клучниот натпревар за пласман на ЛОИ против 42 годишната Либанка, Мариана Шакиан. Малата Заза со пинг-понг се занимавала од пет години, а само една година подоцна ги импресионирала сите на првенството за млади таленти во Доха.

За разлика од неа, Хираки ќе се натпреварува со својот скејтборд, а ќе ја претставува домашната Јапонија откако заврши на петтото место на турнирот „Dew Tour“ кој претставуваше своевиден квалификациски циклус за игрите.

И Македонија може да се пофали со млад учесник на овие Олимписки игри затоа што во експедицијата која отпатува во Токио се најде перспективната пливачка, Миа Блажевска Еминова  која има само 15 години.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни