Поврзете се со нас

ВТА

Азаренка за потегот со кој ги шокираше фановите во Мајами: Не требаше да играм…

Објавено

на

Некогашната најдобра тенисерка на светот, Викторија Азаренка со чуден потег го привлече вниманието кон себе на турнирот во Мајами.

Белорусинката беше пред пораз во пресметката со тинејџерката Линда Фрухвиртова од која губеше со 1-0 во сетови и 3-0 во гејмови во вториот по што во еден момент  ја собра торбата, се поздрави судијката и го напушти теренот.

Азаренка ги шокираше фановите со начинот на кој го предаде мечот во Мајами (Видео)

Ваквиот нејзин потег наиде на реакции, па таа со соопштение и се обрати на јавноста:

-Не требаше да излезам на теренот. Последните неколку недели ми беа исклучително стресни на приватен пан. Последниот меч ме исцрпи, но сакав да играм пред одлична публика која многу ми помогна. Сакав да се оддолжам, но тоа беше грешка. Ќе паузирам, па ќе се вратам.

-Им се извинувам на навивачите за тоа што се случи бидејќи беа одлични и навиваа за мене. Отсекогаш со нетрпение го очекував предизвикот кој го носи натпреварувањето, но денеска тоа беше премногу за мене. Ќе морам да научам нешто од ова. Сакам да и честитам на противничката и да и посакам многу среќа до крајот на турнирот и во целата нејзина професионална кариера“, се вели во соопштението на популарната Вика.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни