Поврзете се со нас

ВТА

Азаренка ги шокираше фановите со начинот на кој го предаде мечот во Мајами (Видео)

Објавено

на

Викторија Азаренка предизвика скандал на Мастерсот во Мајами, прекинувајќи го мечот со многу помлада тенисерка на невообичаен начин.

Белорусинката играше меч против чешката тинејџерка Фрухвиртова, а го напушти теренот при резултат 6:2 и 3:0 во вториот сет за помладата ривалка.

Иако Азаренка веројатно имала проблем со повреда, доби многу критики поради начинот на кој стави крај на дуелот.

Во еден момент, таа само се поздрави со судијката, си ја собра торбата и замина во соблекувална, оставајќи ги збунети не само својот противник, туку и публиката во Мајами. Фановите и замерија на Азаренка пред се поради тоа што не се поздравила со противничката тенисерка, потег кој не доликува за спортист од нејзин ранг.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни