Поврзете се со нас

Свет

Австрискиот лидер ЛАСК казнет со одземање шест бодови

Објавено

на

Австрискиот прволигаш ЛАСК е казнет со одземање 12 бодови поради прекршување на протоколот за подготовки за време на пандемијата на коронавирусот.

Екипата од Линц која беше лидер во домашниот шампионат во моментот на стопирање на сезоната, одржувала колективни тренинзи две недели пред тоа да е е дозволено од австриските власти, поради што стигнала и сериозната казна.

Неколку ривалски клубови добиле снимка на која се гледаат тренинзите на ЛАСК, а откако тие ги информирале одговорните за тоа, следувала одлуката за одземање 12 бодови и дополнителна парична казна.

Клубот се правдал дека се решил на таков чекор откако сите членови на првиот тим имале по неколку негативни тестови за КОВИД-19.

ЛАСК ефективно ќе остане без 6 бодови бидејќи вкупниот број бодови се преполуваат пред почетокот на втората плејоф фаза, но тоа сепак ќе ги помести на второто место, со три бодови помалку од новиот лидер Салцбург.

 

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни