Поврзете се со нас

Светски првенства

Австралија го победи Тунис и ги задржа шансите за осминафинале на СП (Видео)

Објавено

на

Австралија и Тунис водеа голема борба во Доха, а еден од најнеквалитетните натпревари на Светското првенство заврши со победа на „кенгурите“ со 1:0.

По поразот во стартната рунда од Франција, Австралија стигна до првиот триумф во Катар и тоа благодарение на голот на Дјук постигнат уште во 23. минута.

Тунижаните се бореа, но во две третини од мечот немаа удар во рамките на голот, а во завршницата не најдоа начин да го совладаат Рајан.

Австралија во последното коло ќе има директен дуел со Данска за пласман во осминафиналето, додека на Тунис му остануваат само теоретските шанси за такво нешто.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни