Поврзете се со нас

Атлетика

Атлетичар од Буркина Фасо го собори светскиот рекорд во трискок во сала

Објавено

на

Атлетичарот од Буркина Фасо, Иг Фабрис Занго денеска постави нов светски рекорд во атлетската дисциплина трискок во сала.

На натпревар во Франција, Занго скокнал 18,07 метри, што е нов најдобар светски резултат во сала и соборување на досегашниот рекорд, кој го постави Теди Тамго во 2011 година.

Тамго сега му е тренер на Занго, кој учи на универзитет во близината на Лил во Франција, па има можност и да учествува на најважните митинзи во Европа.

Тренерот на новата атлетска ѕвезда најави дека Занго сигурно ќе се обиде да го собори рекордот на Џонатан Едвардс, Британецот кој скокна 18,29 метри на отворено, пред повеќе од 25 години.

Најдобар резултат досега на Занго е 17,66 метри од 2019 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни