Поврзете се со нас

Англија

Арсенал ја заокружи годината со важна победа над Брајтон (Видео)

Објавено

на

Арсенал ги освои бодовите на гостувањето кај Брајтон (2:4) и на посакуван начин ја затвори календарската 2022 година во Премиер лигата.

„Топчиите“ го искористија киксот на Манчестер Сити против Евертон и со заслужена победа над Брајтон ја зголемија предноста на врвот на премиерлигашката табела.

Позитивниот исход го најави Сака уште во 2. минута, а капитенот Одегард до крајот на првиот дел зголеми на 0:2.

Само што започна второто полувреме, Нкетија зголеми на 0:3, Митома подоцна намали, но Мартинели повторно ги врати гостите на плус три. Брајтон не се откажуваше, Фергусон намали на 2:4, во финишот еден гол беше поништен со ВАР поради офсајд, но не успеа да го сопре тимот на Микел Артета.

Со денешниот триумф, Арсенал врза петта победа по ред во домашното првенство, а сега има и седум бодови предност во однос на првакот Манчестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни