Поврзете се со нас

Европски првенства

Арнаутовиќ го најавува дуелот со Македонија: Многумина го потценуваат Пандев

Објавено

на

Австрија е прв противник на македонската фудбалска репрезентација на Европското првенство, а нејзините репрезентативци најавуваат офанзивна игра во обид да стигнат до целиот плен.

Важна алка во играта на националниот тим е Марко Арнаутовиќ, а денеска поранешниот соиграч на Горан Пандев најавил дека е подготвен да се најде во тимот на Австрија во недела. Искусниот напаѓач паузираше поради повреда, но очигледно таа е минато.

– Во фудбалот е тешко да даваш ветувања во однос на резултатите, но можам да ветам дека ќе дадеме 110 проценти на оваа средба.

– Селекторот ќе одлучи кој ќе настапи, но јас сум подготвен и ќе ја чекам својата шанса, – изјавил Арнаутовиќ.

Тој кратко зборувал и за противникот, делејќи комплименти за нашиот капитен Горан Пандев.

– Македонија има многу добри фудбалери, а меѓу нив и мојот добар пријател Горан Пандев. Многумина го отпишуваат поради годините, но видовте за што е способен и колку добар фудбалер е, – изјавил Арнаутовиќ.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни