Поврзете се со нас

Англија

Антони со гестикулација за тактичката одлука на Тен Хаг: Го загуби ли здравиот разум? (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/ManUtd

Антони доби жестоки критики во изминатиот период и мораше да се носи и со невкусни коментари на неговата сметка, но вчера беше еден од хероите во големата победа над Ливерпул во ФА Купот.

Бразилецот влезе во игра и го однесе четвртфиналето во продолженија со гол за 2:2, а потоа во дополнителните 30 минути игра доби задача да игра и на невообичаена позиција.

По голот на Харви Елиот за 2:3, Ерик Тен Хаг фрли се на една карта и го стави Мејсон Маунт во игра на местото на Линделоф, а поради недостиг на играчи во одбрана, побара од Антони да игра како офанзивен лев бек.

Оваа тактичка варијанта на Тен Хаг посебно го збуни бразилскиот фудбалер, па видеата од „Олд Трафорд“ покажуваат дека офанзивецот испратил и гестикулација со која алудира на тоа дека тренерот го загубил здравиот разум.

Иако навистина стануваше збор за чудна одлука, на крајот истата се покажа како вистинска, бидејќи Јунајтед постигна два гола и се пласираше во полуфиналето на „Вембли“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни